Се зголемува вредноста на дежурствата во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“

by fokus

Вредноста на дежурствата на вработените во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“ ќе се зголеми за околу 35 отсто со што постоечката вредност на дежурствата од 96 отсто, со измените би достигнала до 130 отсто.

Ова е договорено на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов и претставници на синдикатот, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Поврзани новости