Се зголемува бројот на заразени во Грција

by Fokus

За 12 проценти се зголемил бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција во периодот од 24 до 30 октомври 2022 година , а регистрирани се за еден отсто повеќе заразени во споредба со една седмица претходно, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

За една седмица биле регистрирани 53.436 случаи, од кои 23 проценти се реинфекции, а починаа 164 лица.

Во конкретниот период биле направени 632.238 тестови, со стапка на позитивност 8,45 отсто, наспроти 7,66 проценти една седмица претходно.

На одделите за интензивна нега во грчките болници 85 пациенти се приклучени на апарати, тројца повеќе од минатата седмица.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.188.890 случаи на Ковид-19, а починаа 33.750 лица.

Поврзани новости