Се зголемува бројот на балкански работници во Германија

by fokus

Бројот на луѓе од земји кои не се членки на ЕУ, а кои имаат дозвола за работа во Германија веќе трета година по ред се зголемува за околу 20 проценти.

Речиси четвртина од нив во 2018 година биле од земјите од Западен Балкан.

Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) објави дека во текот на изминатата година бројот на лица од земји кои не се членки на ЕУ кои работат во Германија е зголемен за 20 проценти, јави Дојче веле.

Истражувањето го покажа следното:

– Бројот на граѓани кои не се членки на ЕУ со дозвола за работа во Германија се зголеми од 217.000 во 2017 година на 266.000 во 2018 година.

– Ова е трета година по ред во која тој број се зголемува за 20 проценти.

– Повеќето од овие луѓе се од Индија (12 отсто), Кина (девет отсто), Босна и Херцеговина (осум отсто) и САД (седум отсто).

– Во просек, тие имаат 35 години, а повеќе од две третини се мажи.

– Повеќе од 80 проценти од нив имаат привремена работна дозвола, а само 17 проценти  постојана.

Заводот за статистика објави дека речиси 25 отсто од нив се од Западен Балкан, односно од Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Во 2015 година имало само околу девет проценти.

Поврзани новости