Се запалил автомобил во Скопје, опожарени уште две возила

by fokus

Синоќа, 20 минути по полноќ на скопската улица „Боро Менков“ избувнал пожар на автомобил „Застава“, чиј сопственик е непознат, односно автомобилот подолго време бил оставен на паркингот.

Од пожарот, возилото целосно изгорело, а биле опожарени и патничко моторно возило „Форд Ескорд“ со скопски регистерски таблици сопственост на Б.Л. од Скопје кое било опожарено од левата страна и патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици сопственост на Л.А. од Скопје кое било опожарено од десната страна.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Поврзани новости