Се запалил автомобил во Куманово

by fokus

Утрово околу 04:30 часот се запалила „Опел тигра“ на кумановската улица „Никшичка“.

Автомобилот, сопственост на Љ.М. од Куманово се запалил од засега непознати причини, а сопственикот сам го изгаснал пожарот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости