Се запалил автомобил во движење

by fokus

Во Кавадарци, вчера околу 20 часот, се запалил автомобил додека се движел по улица. За среќа нема повредени.

-На 07.09.2018 година во 20,10 часот во Полициска станица Кавадарци пријавено е дека на улица “Шишка” во Кавадарци во движење се запалило патничко моторно возило “Форд ескорт” со делчевски регистарски ознаки, управувано од И.А.(40) од Струмица. Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа од Кавадарци, информираат од МВР.

Поврзани новости