Се запалил автобус, повредени нема

by Fokus

Автобус кој денеска се движел накај Охрид се запалил, но повредени нема, информираа од МВР.

Според полицијата, денеска околу 09,20 на магистралниот пат Гостивар-Кичево, автобус со скопски регистерски таблици, кој се движел кон Охрид, а управуван од К.М.(51) од Скопје се запалил. Автобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости