Се заканувал дека ќе фрли бомба на митингот на СДСМ и ќе го спречи говорот на Заев во Облешево

by Fokus

Четириесет и четиригодишниот Т.Ј. од Облешево се заканувал дека ќе фрли бомба и ќе го спречи митингот на одредена партија и говорот на лидерот на партијата, информираа од МВР.

Според полицијата, во врска со собирот на една политичка партија вчера во село Облешево, во 17,30 часот во ПС Кочани телефонски било пријавено дека во пицерија, Т.Ј. (44) од с.Облешево во разговор со присутни гости рекол дека ќе го спречи најавениот митинг на политичката партија во селото, заканувајќи се дека ќе фрли бомба, и на тој начин ќе го спречи говорот на претседателот на таа партија и на кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Т.Ј. бил повикан во ПС-Кочани на разговор и по извршениот разговор во 19,10 часот си заминал.

Поврзани новости