Се врати од одмор Комисијата која ги утврдува причините за смртта на родилката од Свети Николе, Филипче го чека извештајот

by fokus

Се подготвува единствен извештај за причините за смртта на 28-годишната родилка од Свети Николе, која почина во штипската Клиничка болница пред повеќе од еден месец, информираше вчера во штип министерот за здравство Венко Филипче.

Соопшти дека се изготвени извештаите од комисијата која ја формираше Министерството за здравство и наодите од Судска медицина.

– Комисијата работи на еден единствен извештај, којшто ќе произлезе и од увидот и од извештајот од Институтот за судска медицина. Се чекаше затоа што дел од комисијата користеа годишни одмори, сега веќе работи комисијата. Верувам дека следната недела ќе го имаме завршниот извештај, рече Филипче.

Дваесет и осумгодишната  родилка Маја Паневска од Свети Николе почина минатиот месец на акушерското одделение во Клиничка болница-Штип откако роди здраво машко дете. Паневска била прворотка и имала нормална бременост.

Завршниот извештај треба да даде одговор за причината за смртта, кој го чека и нејзиното семејство.

Поврзани новости