879
После неколку месеци пауза поради пандемијата од корона вирусот, фудбалот се враќа и во Италија.
Вечерва од 21 часот е реванш дуелот од полуфиналето во Купот на Италија помеѓу гигантите Јувентус и Милан.
„Росонерите“ на овој дуел ќе бидат без неколку првотимци, а најголем удар е неиграњето на Златан Ибрахимовиќ.
На првиот дуел на „Сан сиро“, Милан и Јувентус ремизираа со резултат 1-1, што дава мала предност на „Старата дама“ пред вечерашниот натпревар.
Во другиот полуфинален дуел ќе играат Наполи и Интер, во сабота со почеток од 21 часот.
Продолжението на италијанската Серија А е планирано за 20 јуни.