Се вакцинираше премиерот Заев: Одлично се чувствувам, вакцините се безбедни!

by Fokus

Премиерот на Македонија, Зоран Заев денеска во вакциналниот пунк во СЦ „Борис Трајковски“ ја прими првата доза од вакцината на Синофарм.

Притоа, тој ги повика граѓаните да се вакцинираат со било која вакција, со цел што побрзо да го победиме овој невидлив непријател.

„Ја примив вакцината на Синофамр. Ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Вакцините се безбедни. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Нема никаков проблем при имунизација на населението“, истакна Заев.

Премиерот верува дека со дозите вакцини што пристигнаа минатата седмица, како и со сите договорени и потврдени количини што треба да пристигнат во претстојниот период, дека е можно до почетокот на летото да имаме висок процент население кое ќе биде вакцинирано, што ќе придонесе за целосно менување на сликата на епидемијата кај нас.

Поврзани новости