Се удави младиот ракометен голман Никола Даниловски

by fokus

Од водите на Охридското Езеро денеска е извлечено телото на Никола Даниловски, голман на ГРК Охрид, поранешен член на РК Металург и репрезентативец во националниот ракометен тим.

Беживотното тело на 26-годишниот спортист роден во Скопје е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин. Потрагата по него започнала уште синоќа, а била известена и полицијата.

Поради трагичната смрт на младиот голман одложен е вечерашниот меч од Супер лигата помеѓу Охрид и Струга.

Фото: МКД.мк

Поврзани новости