Се трага по уште четири лица исчезнати во невремето

by fokus

Екипи од специјалната единица за брзо распоредување со помош на полициски хеликоптер трагаат во Каменик по бебето, кое исчезна во поплавите во скопскиот регион. Спасувачките екипи трагаат на истото место каде вчера беше пронајдена жива неговата мајка.

На 16-месечната Елиф Фејзула ѝ се губи секоја трага во саботата, кога во временските неприлики, наишол голем воден бран вода, кој почнал да го носи возилото во кое таа била со нејзиниот татко, сега починатиот Фуркан Фејзула, во близина на обиколницата Смилковско езеро.

Освен по неа, се трага по уште тројца лица, исчезнати во невремето соопшти Шабан Салиу, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Телото на дванаесетгодишниот Иван пак, било пронајдено синоќа на последна постојка на 65-ка во населба Сингелиќ, од страна на неговиот татко. Претходно, детето се водеше како исчезнато, откако голем воден бран го превртел тракторот во кој било со неговиот дедо, во саботата во Стајковци.

Поврзани новости