611
Полицијата трага по еден од четворицата напаѓачи кој денеска претпладне со пиштол пукаше во полицаец во Велес, пред цркавата „Св.Спас“ кај градските гробишта. Останатите тројца напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани е вон животна опасност.
Полицаецот Е.М.(46) бил повреден со неговиот службен пиштол кој напаѓачот што е во бегство му го одзел и пукал во него, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Инцидентот се случил додека полициски службеници преземале службени дејствија и биле физички нападнати од четирите лица. Повредениот Е.М. бил префрлен во велешката Општа болница, каде му била укажана медицинска помош.
Д-р Тодор Јаковлевски соопшти дека имал четири прострелни рани во абдомен и една во колено. Бил свесен и вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје.