Се судриле мопед и мерцедес, тешко повреден возачот на мопедот

by Fokus

Пеесет и двегодишен прилепчанец е тешко повреден при судир на мопед со мерцедес, информнираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 11.35 часот на крстосницата од ул. „Сотка Ѓорѓиоска“ и ул. „Св.Наум Охридски“ во Прилеп дошло до судир помеѓу мопед „Хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.В. (52) од Прилеп и патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.И. (56) од с.Гостиражни. Од ударот со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот В.В. кој бил пренесен во Општа болница -Прилеп, каде му е била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Поврзани новости