Се судриле автобус и автомобил, тешко повредени се четворица, меѓу нив четиригодишно дете

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден се случила тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил на магистралниот пат Делчево-Штип во која тешко поврдени се четворица, информираа од МВР.

Според информации од полицијата, вчера во 17,45 часот на магистралниот пат А-3, Делчево-Штип, пред с.Облешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со беровски регистарски ознаки управуван од С.Д.(61) од Берово и возило „Форд Ескорт“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(35) од Виница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Д. кој е пренесен во Клинички центар -Скопје и сопатниците во возилото дете на возраст од 4 години од Виница и Г.С.(41) од Куманово. Двајцата сопатници се пренесени во Медицински центар Штип, а додека сопатничка, исто така, во возилото “форд ексорт“, Л.М.(24) од с.Лаки-Виница се здобила со телесни повреди и е пуштена на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Поврзани новости