Се стравува од ебола, откако Британец почина во Македонија

by Фокус 19:21
19:21

Пациент, странец кој најверојатно потекнува од Велика Британија, на Инфективната клиника, денеска околу 15 часот, бил примен неконтактибилен и со симптоми слични на ебола, и по некое време починал.

Засега е утврдено дека починатиот бил сместен во хотел во близина на трговски центар „Мавровка“. Во моментот се евакуираат сите гости од хотелот и им се вршат прегледи, со асистенција на полицијата.

Набрзо се очекува здравствените власти да излезат со прецизна информација за тоа дали пациентот починал од ебола. Исто така, на Клиниката за инфективни болести се наоѓа и пријател на починатиот, кој се третира.

Целиот персонал на хотелот, како и медицинскиот персонал кој бил во контакт со починатиот Британец, се наоѓа во карантин.

 

 

Поврзани новости