Се степале на бензиска во Кисела Вода поради недоразбирање околу точење на гориво

by fokus

Три лица се степале вчера околу 18.00 часот на бензиска пумба на булеварот “Борис Трајковски“. Случајот бил пријавен во полиција како нарушување на јавниот ред и мир.

Тепачката настанала помеѓу В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од друга страна. Имено додека М.Ј. точел гориво во неговото возило позади него се паркирало друго возило управувано од В.Г. и меѓу нив дошло до недоразбирање околу точењето на гориво и поместувањето на возилата. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Поврзани новости