Се стега обрачот околу киднаперите на внукот на Љубе

by fokus

Се уште не е пронајден исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски, но како што дознаваме, се стега обрачот околу киднаперите на момчето. Од Обвинителството за „Фокус“ појаснуваат дека покрај другите истражни дејствија кои се превземаат, се повикуваат и лица на разговор кои би можеле да имаат информации за тоа каде се наоѓа Сокол Костадиновски.

Вчера беа приведени две лица за кои обвинителството информираше дека постои сомнение дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски. По барање на Обвинителството, судот вчера им одреди 48 часовен притвор. Извори блиски до семејството за „Фокус“ посочија дека е уапсени и трет осомничен, но од Обвинителството велат дека засега нема такво нешто.

Се уште не е познато каде е Костадиновски, кој за исчезнат беше пријавен од неговиот брат.

Тој е внук од братот на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.

В.В.

Поврзани новости