Се стабилизира состојбата со корона вирусот во Словенија

by Fokus

Во изминатото деноноќие во Словенија се направени 1.168 тестирања за корона вирусот, а позитивни се само 28, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според овие информации, продолжува трендот на стабилизирање на новозаразените, а новите инфицирања во најголем дел се во домовите за стари лица, што е жаришта на вирусот.

Во болниците ширум земјата од Ковид-19 се лекуваат 96 лица, а на одделите за интензивна нега се наоѓаат 34 пациенти.

Во изминатите 24 часа, од здравствените установи се отпуштени 13 лица кои оздравеле, а бројот на починати се зголеми за пет.

Поврзани новости