Се сретнале на улица, извадил нож и го прободел неколку пати

by Fokus

Дваесет и четиргодишен Арачиновец неколку пати бил прободен со нож, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера Л.Н.(24) од село Арачиново  пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот на улица „11″ се сретнал со А.Н., при што започнале расправија. Во еден момент А.Н. со нож го прободел Л.Н. неколку пати. На оштетениот му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости