Се скарале за кучиња и нејзиниот сопруг го нападнал малолетникот

by Fokus

Пеесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот син бил нападнат од непознато лице поради кавга за кучиња.

Според полицијата, вчера  во 20,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.К.Ј.(50) пријавила дека околу 19,00 часот во близина на игралиште во село Волково,  додека нејзиниот 15 годишен син ги шетал своите кучиња, дошло до недоразбирање со непознато женско лице околу кучињата. Потоа дошол нејзиниот сопруг и физички го нападнал малолетникот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости