Се скарале и со пивско шише му ја расекол главата

by fokus

Синоќа во кафе бар во Виница по претходна расправија, Н. В. (24) од Виница со пивско стаклено шише го удрил во пределот на главата Д. М. (20) од Виница.

Како што соопштија од МВР, на Д.М му е укажана лекарска помош во Итна медицинска помош -Виница, констатирана му е повреда-расекотина во пределот на главата, по што поради сериозноста на повредата е пренесен во Општата болница –Кочани, од каде е препратен во Ургентен Центар-Скопје.

Поврзани новости