Се скарале и со пиштол се обидел да го убие

by Fokus

Дваесет и три годишниот А.К. од Арачиново заработи кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, информираа од МВР.

Според полицијата, на 3 јули, годинава околу 23.40 часот на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово, по претходна вербална расправија со  М.Б. (23) од Куманово, пријавениот од пиштол испукал еден куршум во воздух, а потоа го вперил пиштолот  кон М.Б.. Додека М.Б. се обидувал да избега, А.К. испукал уште пет куршуми. После тоа, со возило побегнал од местото на настанот.

Поврзани новости