Се самоуби уапсениот Сириец осомничен за планирање бомбашки напад

by fokus

Германските власти соопштија дека 22-годишниот Сириец осомничен за планирање исламистички бомбашки напад се самоубил во затворот каде што беше сместен. Тој самоубиството го извршил врзувајќи ја својата маица за решетката во затворската ќелија.

Шефот на затворот каде беше држен осомничениот бомбаш Џабер Албакр рече дека затворски чувар приправник го проверил затвореникот во 7.30 часот навечер и кога се вратил за следната проверка во 7:45 часот го нашол Албакр мртов.

Тој добил азил во Германија откако лани пристигнал од Сирија. Од минатиот месец бил  под надзор на германските разузнавачки служби.

Поврзани новости