Се рушат рекорди, дури 54 позитивни на вирусот во Тиквешијата денес!

by fokus

Ако вчерашната бројка од 32 лица позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата беше највисока од почетокот на пандемијата, денес е срушен рекордот со дури 54 нови случаи.

Само во Кавадарци се регистрирани 40 лица до сега, во Неготино има нови 13 случаи, и еден во Демир Капија.
Од Центар за јавно здравје информираат дека новорегистрираните пациенти се на сите возрасти, се уште не се извршени анкетите поради зголемениот број на позитивни пациенти.

Во Кавадарци регистриран е позитивен случај во основно училиште кај ученик од второ одделение, а во изолација одат 15 ученици и две наставнички. Преземени биле сите мерки и извршена е дезинфекција.

Здравствените институции работат под полна пареа, речиси сите регистрирани позитивни на вирусот имаат симптоми.
Се апелира на максимално почитување на мерките за заштита, бидејќи ова се највисоките бројки од почетокот на пандемијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости