Се родија близнаци од ембриони замрзнати пред 30 години

by Fokus

Брачен пар од Орегон добија близнаци кои се родија по 30 години од замрзувањето на нивните ембриони.

Ова е рекордот за најдолго замрзнатите ембриони кои резултирале со успешно раѓање. Ембрионите биле замрзнати на 22ри април 1992 година на температура од -196 степени Целзиусови.

Рејчел и Филип Риџвеј, ги добија близнаците на 31ви октомври.

Лидиа Ан и Тимоти Роналд го поставија новиот рекорд, според Националниот центар за донација на ембриони, приватна организација која вели дека има помогнато да се родат повеќе од 1200 бебиња од донирани ембриони.

-Одлуката дали се посвојат овие ембриони треба да ги охрабри пациентите кои размислуваат дали се подготвени да земат ембриони создадени пред 5, 10, 20 години, треба да биде несомнено донесена, вели др- Џон Дејвид Гордон, којшто го извршил трансферот на ембрионите.

Близнаците биле креирани за анонимен брачен пар со користење на инвитро оплодување. Мажот имал околу 50 години, а јајце клетките биле од 34 годишен донор.

Ембрионите биле чувани до 2007 година на Западниот брег на САД, меѓутоа парот ги донирал во Националниот центар во Ноксвил како би можеле други луѓе да ги посвојат.

-Сум имала 5 години кога Бог им дал живот на Лидиа и Тимоти, и тој ги чувал нивните животи од тогаш, вели Филип Риџвеј.

Тој додава дека всушност близнаците се нивните најстари деца, иако во суштина, според возраста се најмали.

Поврзани новости