Се распадна коалицијата Движење за промена во Грција поради Договорот за името

by fokus

Различните позиции во однос на Договорот од Преспа беше капката што ја прелеја чашата и грчката партија Река реши да ја напушти коалицијата Движење за промени.

Централно левичарските партии, ПАСОК, Демократска левица, Река, Движење на демократски социјалисти, ја формираа коалицијата Движење за промена, а во ноември минатата година, лидерката на ПАСОК, Фофи Генимата беше избрана за претседател.

По потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, коалицијата се соочи со различни гласови и ставови. Лидерката Генимата јавно застана против решението, додека пак првиот човек на партијата Река, тврдеше дека договорот е корисен.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на вчерашниот состанок на раководството на Река, со 97 гласа „за“ и 16 против беше одлучено партијата да се повлече од Движењето за промена и да продолжат онака како што започнаа – сами, а не во коалиција.

Во обраќањето пред членовите, лидерот на Река, Ставрос Теодоракис упати критики до Движењето за промена дека раководството носи одлуки без да бидат консултирани коалициските партнери.

Во говорот, Теодоракис, спомена дел од позициите на партијата, меѓу кои и онаа за прашањето за името.

– Ние сме за решение на македонското прашање, бидејќи освен се друго, не сакаме нашата соседна земја да стане поволна почва за Путин и Ердоган, рече Теодоракис.

Лидерот на Река, во однос на напуштањето на коалицијата, коментираше дека е тежок, но неопходен избор.

Поврзани новости