Се проверува идентитетот на замрзнатите 39 лица во камион во Лондон

by fokus

Кинеската амбасада во Лондон на својата интернет-страница објави дека британската полиција го проверува идентитетот на 39 лица кои беа пронајдени мртви во камион со приколка ладилник недалеку од главниот град на Велика Британија и дека нивното државјанство сè уште не е потврдено со сигурност.

„Кинеската амбасада во Есекс испрати тим предводен од советникот на министерот надлежен за конзуларни работи и тие се состанаа со локалната полиција. Полицијата соопшти дека го проверува идентитетот на починатите, чие државјанство сè уште не може да се потврди“, изјавил портпаролот на амбасадата, а неговиот одговор е објавен на официјалната интернет-страница.

Весникот „Глобал тајмс“ во средата на „Твитер“ објави дека кинеското Министерство за надворешни работи потврдило оти 39 лица се пронајдени мртви во приколката на камионот недалеку од Лондон се Кинези.

Службениот весник на кинеската комунистичка партија, пак, објави дека министерството соопштило оти во овој момент не можат да се објават конкретни информации.

Поврзани новости