723
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментот прави увид за да се утврди – дали ќе има одговорност за случајот со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, откако вчера самиот тој истакна дека не ги известил дека се тестира за коронавирус премиерот и министрите, кои беа во посета на Куманово.
Ова во изјава за „Фокус“ го потврди директорката на Инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова.
Ова прашање се покрена откако градоначалникот Димитриевски доби позитивен резултат на тестот за корона вирус, а ден претходно имаше состанок во Куманово со премиерот и тројца министри, кои не знаеле дека градоначалникот се тестирал на вирусот.