Се престигнувале по пат, па застанал и му извадил пиштол

by fokus

Вчера околу 15:00 часот, А.З. (30) од с.Непроштено-тетовско, пријавил дека еден час порано му била загрозена безбедноста, додека со семејството се враќал од Тетово.

Тој со неговото возило „Голф“ застанал во близина на спортската сала во Непроштено. По него застанало и друго возило „Цитроен“, со кое претходно се престигнувале по патот. Од другото возило излегол А.С. (61) од с.Џепчиште и по кратка расправија извадил пиштол, а А.З. веднаш го напуштил местото на настанот.

Подоцна, А.С. самиот се пријавил во Полициското одделение Теарце. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости