Се прават анкети меѓу здравствените работници, од 10 илјади 67,7 % сакаат да се вакцинираат

by fokus 18:06
18:06

Од над 10 илјади анкетирани здравствени работници во државното здравство 67,7 проценти се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат против ковид 19 вирусот. Од 2 000 приватни пак, околу 60 проценти се „за“, јавува Телма. Формуларите за пополнување им биле испратени пред десетина денови, но се уште ова не е конечната бројка бидејќи Комитетот за имунизација се уште ги сумира резултатите. Токму здравствените работници се оние кои први треба да се вакцинираат.

– Најголемата задршка со години е кај здравствените работници, но верувајте со епидемијата со Ковид многу работи се променија. Видовме дека превенцијата, вклучително и вакцинацијата спасува животи. Ние се уште немаме официјална анкета, со СЗО и УНИЦЕФ подготвуваме кампања за правилно информирање. Најпрво ќе излеземе за тоа кои се, како се добиени вакцините, но и како граѓаните да одлучат да ја примат, изјави Д-р Александра Грозданова, претседател на комитетот за имунизација.

- Advertisements -

Поврзани новости