Се потопи битолската болница

by Фокус

Поради поројните дождови, попладнево беше поплавена битолската клиничка болница „Др. Трифун Пановски“.

Дел од пациентите што биле во болницата, сведочат дека станува збор за сутеренски простор или високо подземје каде што се сместени дневните амбуланти за ехо прегледи, гастроскопија итн.

„Поплавата е или повратна вода или надворешно протекување бидејки имавме класично невреме со пороен дожд. Најлош момент беше тоа што пациентите слободно циркулираа, а одделението не беше затворено. Од друга страна, таму се сместени најскапите апарати и има многу електрични кабли и приклучоци“, раскажуваат пациентите.

Поврзани новости