Се поставува модуларна ковид болница во Кавадарци

by Fokus

Во Кавадарци започна поставувањето на модуларна ковид болница, во дворот на кавадаречката болница. Според директорот на болницата, д-р Диме Коцев, во неа ќе бидат сместени инфективна амбуланта, тријажен центар, лабораторија, рентген дијагностика и болнички дел со капацитет од 35 болнички кревети.

-Во согласност со најновите стандарди, во Модуларната болница ќе биде инсталиран централен довод на кислород до секој пациент. Се надеваме дека за брзо време ќе заврши процесот на комплетно монтирање и опремување на истата. Со тоа ќе се овозможат соодветни услови за преглед, тријажа и прием на нови ковид позитивни пациенти од Тиквешкиот регион – појаснува д-р Коцев.

Во ковид одделот во кавадаречката болница денес се хоспитализирани 16 пациенти, а има 44 слободни места. Овде се хоспитализираат пациенти од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман.

Вики Клинчарова

Поврзани новости