Се полнат болниците: Изминатите 24 часа во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 22-ца заразени, а нови 11 на Инфективната клиника

by fokus

Во земјава во моментот има 1.687 активни случаи на Кови-19. Поголемиот дел од нив се лекуваат во домашни услови, а потешките случаи се хоспитализирани во болница.

На Инфективната клиника во моментот сместени се 84 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има 57 пациенти, во болницата во Битола хоспитализирани се 20 заразени, во Штип 14, а во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп примени се вкупно 36 пациенти.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, а со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, информираа од Министерството за здравство.

Поврзани новости