Се појави снимка на која наводно Амди дели откази, тој вели дека веќе нема фирми и директори

by fokus

На Јутјуб се појави аудио снимка на која наводно се слуша гласот на Амди Бајрам кој му вели на еден човек дека ќе лета од работа, зашто не трчал доволно за партијата. Снимката ја објавил канал со име  „Mozes Solomon“ на први овој месец.

Амди Бајрам прашан за оваа снимка и нејзината автентичост, за „Фокус“ вели дека таа е „рекла казала“.

-Тоа е „рекла казала“. Кај сме на власт, па од каде да делам откази? Која фирма ја водиме? Немаме директори, немаме министри. Го немаме ни ГТЦ. Од кај мене дома ли да давам откази, од куќа?, изјави Бајрам.

Поврзани новости