Се почна постапка за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ

by fokus

Македонското министерство за правда започна постапка за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“.

Судијата Огнен Ставрев на денешното рочиште пренесе дека утрово добил известување од Министерството за правда во Скопје дека постапката за екстрадиција на обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири е почната.

-Добив известување од министерот за правда дека оваа постапка за екстрадиција од Косово е во тек. Министерството почнало сериозно да работи. Сега во прашање се правни процедури околу превод и штом ќе добиеме известување, ќе ви кажеме, рече судијата Ставрев.

Поврзани новости