Се отвора истрага со кодно име „Странски служби“, за набавка на опрема

by Fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конфереција истакна дека се отвораат уште седум истражни постапки, за злоупотреба на службена положба, за измама…

„Првата истрага е под кодно име „Странски служби“, односно се работи за злоупотреба на службена положба каде има двајца осомничени. Едниот бил директен извршувач, а другиот поттикнувач.Според истрагата, во 2014 година во октомври и ноември по барање на еден од осомничените, кој тогаш бил началник на Одделот за оперативна техника во УБК, странска компанија изготвила извештај во кој било наведено дека на подрачјето на град Скопје, со своја опрема детектирале нелегални активности поврзани со дупли базни станици.Ваквиот извештај требало да ја потврди тезата на тогашниот државен врв дека масовното незаконско прислушување го извршиле странски служби. Интерес за овој извештај имала и странската компанија, рече Фетаи.

Според неа, оваа компанија со најбрза постапка за јавна набавка, односно со фаворизирање го добила тендерот за набавка на опрема.

– На 16 декември побарале да се спроведе постапка, а првоосмничениот на 19 декември донел одлука за набавка и самоиницијативно поднел до три странски компании. За пет дена било завршено се. На петтиот ден, на 24 декември е донесена одлуката за најповолна понуда, додека опремата е испорачана во мај, 2015 и веднаш е инсталирана. – истакна Фетаи.

Според неа,

Поврзани новости