Се основаше Здружение за декриминализација на канабисот

by Fokus 10:14
10:14

Група од седум граѓани пред скоро еден месец го основаа Здружението за декриминализација на канабисот „Билка“, Скопје. Тие ги поздравија позитивните Законски измени во Законот за опојни дроги со кои се овозможува употреба на канабис во медицински цели.

– Здружението, како непрофитна организација, се залага за целосно декриминализирање на канабисот,како во медицински, така и во рекреативни цели, и цврсто се залага за заштита и унапредување на животната средина.Во таа насока, Здружението за декриминализација на канабисот „БИЛКА“, во наредниот период интензивно ќе работи на подигнување на свеста во општеството за позитивните импликации и придобивки од канабисот, организирање на научни конференции и работилници од областите на интерес, активна соработка со останатите здруженија и организации кои имаат исти или слични цели, и посветено ќе работиме на подигнување на свеста за потребата од заштита на животната средина – се наведува во нивното соопштение.

- Advertisements -

Нотирајќи ја потребата од менување на институционализираниот,генерално негативен став на надлежните институции, Здружението за декриминализација на канабис ќе соработува со сите владини институции и тела кои се надлежни по прашањата кои се од интерес за работата на Здружението БИЛКА-Скопје.

БИЛКА-Скопје изразува надеж, дека со својата работа ќе поттикне и ќе помогне да се реализира една од основните цели на здружението-генерална декриминализација на канабисотг, како и надеж дека со својата работа ќе влијае врз надлежните институции да алоцираат доволно ресурси во борбата за заштита и унапредување на животната средина, што претставува уставно загарантирано право на граѓаните, како такво инкорпорирано во член 43 од Уставот на Република Македонија.

Поврзани новости