Се омажи ќерката на Бил Гејтс, свадбата чинела два милиони долари

by fokus

Џенифер Гејтс (25), најстарата ќерка на еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс се омажи со своето долгогодишно момче, милионерот и професионален возач по потекло од Египет, триесетгодишниот Најел Насар.

Церемонијата се одржала на семејниот имот на Гејтс со површина од 124 хектари во Вестчестер, Њујорк. Ова е втора венчавка за парот Насар, првата била на муслиманска церемонија во петокот вечерта, пишува New York Post.

Невестата носела венчаница од дизајнерката Вера Ванг, а девет деверуши била облечени во темно зелени фустани, па, судејќи по фотографиите, одлично се забавуваа позирајќи пред фотографите.

Прославата започнала околу 17 часот, а собирот на гости бил два часа порано, меѓу кои најрасположени биле родителите на невестата. Есенската атмосфера на имотот била дополнително украсена со розово -бели цветови, а Џенифер танцувала со тато Бил на песната на Елтон Џон „Can You Feel The Love Tonight“.

Свадбата на саканата ќерка на Гејтс чинела околу неверојатни два милиони долари, пишуваат странските медиуми.

Поврзани новости