Се огласи Арсовска по блокадите: „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат на утрешниот јавен повик!

by Fokus

По блокадирте на сообраќајниците во Скопје од приватните превозници, кои си ги бараат парите, денеска се огласија од Град Скопје.

Тие информираа дека оспособиле дополнителни 140 автобуси за ЈСП и дека утре ќе објават јавен повик за превозници за линиите 20 и 22.

„Јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје. Основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поефтина, сигурна и стандардизирана услуга“, вели Арсовска.

Јавниот повик ќе биде објавен утре, а се однесува на линиите од кој градот Скопје има потреба – тоа се линиите со бр. 20 и бр. 22. Единствена разлика е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна, додаваат од град Скопје.

Поврзани новости