Се огласи Ањели околу неговото евентуално заминување од Јувентус

by Fokus 10:52
10:52

Потпретседателот на Супер лигата и претседател на Јувентус, Андреа Ањели ги демантираше информациите за напуштање на торинскиот клуб.

– Јас не го напуштам клубот. Кој ќе го тврди спротивното, ми носи среќа, го цитира Ањели, новинарот Фабрицио Романо.

- Advertisements -

Шпекулациите за заминување на Ањели од претседателското место во Јувентус се појавија по пропаѓањето на проектот за Супер лигата, како и по слабата сезона за тимот кој по 31 коло е на 4. место во Серија А.

Поврзани новости