648
Денеска во Скопје се одржа марш на мирот под името „Сребреница – совеста на светот“, во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница, кој се случи пред 19 години во војната во Босна и Херцеговина.
„Сребреница ќе остане запаметена како крвава срамна дамка во европската и светската историја. Овој геноцид претставува најголемо злосторство во Европа по втората светска војна. Денеска, ние младите Бошњаци и останатите сограѓани се собравме овде, во срцевината на Скопје во чест на масакрот во Сребреница“, рече Адмир Фазлагиќ од Бошњачката заедница на Македонија.
Во 2010 година Македонија ја поддржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница. Но, како што велат од Бошњачката заедница, државата досега не дала никаква поддршка за честувањето.