Се одложи судењето за „Труст“, Кочан не направил увид во доказите

by fokus 11:01
11:01

За седум дена се одложи судењето за случајот „Труст“, во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, бидејќи одбраната не добила листа на докази. Обвинителот на СЈО Гаврило Бубевски истакна дека тие до судот ги доставиле доказите во доволен број примероци, а според процедурата судот е должен да им ги предаде на одбраната.

-Доставивме 13 примероци на 81 страна и тука нашата работа заврши. Работа на Советот од Основниот суд Скопје 1 за оценка на обвинителниот акт е листите со докази да ја достави до одбраната, рече обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски.

- Advertisements -

Обвинителниот акт за „Труст“ СЈО го поднесе поради сомнеж за незаконски тендер што во 2011 година го распиша државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Според наводите, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра.

Во „Труст“ се обвинети и три правни лица: „Транс Mет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.

Поврзани новости