Се очекува Владата денеска да објави колку потроши за прославата

by fokus

Се очекува Владата денеска да го објави деталниот извештај со трошоците направени за големата прослава што се одржа во саботата во 15 градови низ Македонија.

Од Владата велат дека извештајот е во подготовка и се очекува во текот на денот да биде испратен до медиумите.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави дека според негови информации за прославата се потрошиле 400.000 евра буџетски пари. Оваа информација не беше потврдена од Владата.

На прославата настапија околу четриесетина изведувачи. Етно бендот Љубојна и пејачот Влатко Лозаноски – Лозано ги откажаа во последен момент своите настапи.

Дел од музичарите тврдеа дека не биле конкретно информирани за природата на настанот, но авторски договор објавен преку социјалните мрежи покажува дека авторите знаеле што потпишуваат.

Поврзани новости