Се обидел да силува седумдесет и тригодишна жена, му возвратила со секира

by fokus

Седумдесет и три годишна жена од Македонски Брод во полиција пријавила дека нејзин треиесет и двегодишен соселанец се обидел да ја силува.

Жената пријавила дека истиот ден околу 05.00 часот во нејзиниот дом дошол И.М.(32) од истото село. Тој тропал на вратата, но кога истата не му отворила, насилникот влегол во собата и почнал присилно да врши обљуба врз неа, при што и нанел телесни повреди по целото тело. Оштетената цело време давала отпор.

Но, во еден момент во самоодбрана старицата зела секира со која го удрила И.М., по што тој ја напуштил просторијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Македонски Брод.

На оштетената и била укажана лекарска помош во Здравствен дом на Македонски Брод и на Одделот за гинекологија во Општа болница Кичево.

 

Поврзани новости