Се обидел да ја убие сопругата во хотел во Скопје, а му ја расекол и раката на обезбедувањето

by Fokus

Триесет и четиригодишниот И.С. од Косово вчера се обидел да си ја убие сопругата во хотел во Скопје, информираа од МВР.

Според полицијата, на 22 октомври, годинава околу 04,50  часот на ул. „Титовелешка“, во Скопје, во хотел, пријавениот се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга Н.Х.(39) од Рига-Латвија, при што со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телото, како и  убодна рана во пределот на левата страна на вратот. При тоа во собата влегол Ф.З. (26) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица „НИКОБ“ повик од вработените во хотелот, кој откако пробал да го оттргне пријавениот од Н.Х., бил нападнат од негова страна, и притоа се здобил со расекотина со нож во пределот на десната дланка. На пријавениот му е  изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Скопската полиција против него поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“по чл.123 в.в. чл. 19 од КЗ на Р.Македонија и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Поврзани новости