Се нормализира авиосообраќајот меѓу Истанбул и Скопје

by Фокус

Летовите на авиокомпнаијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул кон Скопје и обратно, кои вчера беа откажани поради настаните во Турција, денеска се реализираат според распоредот на летање.

Од аеродромот „Ататурк“ во Истанбул утрово на скопскиот аеродром во редовното време (08:30) слета авионот ТК 1003, објавено е на веб­страницата на ТАВ Аеродром „Александар Велики“. Во 09:48 од Скопје кон Истанбул, пак, полета и авионот ТК 1004.

Авиосообраќајот кон Анталија, кој ни вчера не беше во прекин, се одвиваше и во текот на ноќта, кога се реализирани два чартер­лета кон Анталија и два чартера од тоа летувалиште до Скопје.

Поврзани новости