Свадбари го нарушиле редот и мирот во тетовско

by fokus

На свадбена веселба во селото Дреновец во Тетово, присутни гости решиле прославата да ја „збогатат“ со истрели од огнено оружје, при што било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, се вели во соопштението на МВР.

„На 06.08.2018 година во 22.10 часот  во Полициската станица Тетово било пријавено нарушување на јавен ред и мир со пукање од огнено оружје во населба Дреновец во  Тетово. Полициски службеници извршиле проверка и констатирале дека било пукано на свадбена веселба во куќа сопственост на М.Л. (47) во село Порој. Тој изјавил дека некој од присутните гости  испукал неколку истрели. На местото биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.

Поврзани новости