Се намалува бројот на родени, а се зголемува на починати

by fokus

Бројот на родени забележува пад, а се зголемува бројот на умрени. Ова се резултатите од третото тримесечје од 2019 година, споредено со истиот периот лани, кои ги објави Државниот завод за статистика.

Во овој период годинава се родиле 5.374 живородени деца, што е за 7.4 % намалување од лани.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 2.2 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4.701 лице, а од нив 14 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 673, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 4 302 бракови.

Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 385 разведени бракови, што претставува зголемување од 12.2 % во споредба со истиот период од 2018 година.

Поврзани новости